Торино нема намера да се откаже од намерата за ангажман на Илија Несторовски, и покрај ставот на Палермо дека македонскиот ас не е за продажба ниту во овој преоден рок. Нестор-гол покажа максимална лојалност одбивајќи неколку понуди минатото лето, одлучувајќи наместо трансфер да остане и да помогне Палермо експресно да се врати во елитното друштво.
Тој е главен адут на сицилијанците сезонава, во меѓувреме потпиша и нов договор, па сега нема намера да си замине среде сезона и да го остави својот тим на цедило.
Во секој случај, „торинезите“ се цврсто решени да го доведат Македонецот, па директорот Петраки е подготвен повторно да седне на преговарачка маса со Палермо, овојпат да дискутира за трансфер по завршувањето на сезонава. Како што информира весникот „Тутоспорт“, раководството на Торино сака уште сега да ги договори деталите и да го потпише договорот, кој би стапил во сила од 1 јули 2018 година.
Доколку успее да го врати Палермо назад во Серија А, Несторовски сигурно сериозно би размислил за нов предизвик во кариерата, како член на повеќекратниот првак на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА