Лече стигна до огромни три бода во борбата за опстанок откако оваа екипа вечерва на домашен терен го совлада Удинезе со 1-0. Во таборот на гостите стартер беше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој сепак не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз на ова тешко гостување.
Дуелот мина во затворена и внимателна игра на двете страни, без премногу шанси за гол. На крајот, как пресуден се покажа погодокот од пенал што го постигна Стрефеца во 62. минута, со кој Лече скокна на „плус пет“ (и меч повеќе) во однос на Верона која се наоѓа во зоната за испаѓање.
Несторовски ги одигра сите 90 минути за „фриулијаните“, a во судиското продолжение имаше опасен удар што беше за сантиметри непрецизен. Ова беше трет пораз во последните пет кола за Удинезе, со што тимот на Македонецот падна на 11. место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

