Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски останува во редовите на Удинезе до крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми, и наспроти интересот на Палермо да го врати во своите редови.
Силна е желбата на Палермо да го добие назад во своите редови македонскиот напаѓач, но Удинезе, според последните информации, не планира да се откаже од неговите услуги и покрај слабата минутажа изминатава година.
„Илија Несторовски се очекува да остане во Удине“ – пишува „Туто Меркато“ во анализата околу трансфер-периодот во италијанската Серија А.
Несторовски на крајот од изминатава година се врати и во репрезентативните редови, па се очекува да биде во составот на Благоја Милевски и низ квалификациите за ЕП 2024 во групата во која Македонија е заедно со Англија, Италија, Украина и Малта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА