Фудбалската репрезенација на Македонија го совлада Фарски Острови со 1-0 во контролен натпревар.
На овој меч својот 50. настап го запиша напаѓачот Илија Несторовски. По мечот тој вели дека сите мечеви за Македонија му се омилени, но мора да го издвои дуелот против Грузија со кој се пласиравме на Европското првенство 2020 година.
„Сите ми се омилени натпревари за македонската репрезентација, но морам да ја издвојам таа со Грузија. Сигурно ќе ми беше некој од европското првенство, но поради повреда не можев да настапам на шампионатот. Се разбира со Италија во Скопје бев стрелец, но тој натпревар го загубивме, затоа мора да ми биде омилен тој меч кој што го имаме добиено“, изјави Несторовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА