Палермо не успеа да го задржи водството кое го донесе македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, па на свое тло претрпе од тимот на Фоџа со конечни 2-1.
27-годишниот голгетер беше прецизен од белата точка во 65. минута од средбата, но четири минути подоцна домаќините останаа со играч помалку на теренот, а потоа следуваше „блам“. Во последните 13 минути од мечот фудбалерите на Фоџа два пати го совладаа голманот на Палермо, Духамел и Крагл му „украдоа“ славје на Македонецот.
Несторовски постигна гол во првенството по повеќе од два месеци, а севкупно го забележа 12. погодок во досегашниот дел од шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА