Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не настапи за Палермо во 17. коло од Серија Б на мечот во кој неговиот тим пред своите навивачи ремизираше без голови против Венеција.
Како што информираат италијанските медиуми, Несторовски на вчерашниот тренинг на тимот, последен пред денешниот натпревар, заработил удар во ногата поради што остана само на клупата за резервни фудбалери. Според информациите од клубот, се работи за мала повреда но тренерот Бруно Тедино не сакал да ризикува на денешниот меч. Се очекува македонскиот офанзивец да биде подготвен за настап веќе за следниот меч на тимот, на 10. декември против Бари.
Вториот македонски репрезентативец во Палермо, Александар Трајковски, го одигра целиот натпревар но без посериозни шанси за постигнување гол.
Палермо, по ова реми, со 29 бода сега падна на третата позиција. Бари има исто толку бодови на чело, но и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА