Несторовски повторно стрелец за Славен Белупо

Maкедонскиот фудбалски интернационалец, Илија Несторовски и втор натпревар во низа се запиша во листата на стрелци во хрватскиот шампионат, овојпат во гостувањето на Славен Белупо кај Истра, натпревар што заврши 1-1.

Тимот на Несторовски беше блиску до триумф по голот на прилепчанецот во финишот од првиот дел кој стрелаше од пенал. Сепак, домаќините стигнаа до бод во 91. минута кога Превљак успеа да го спаси својот тим од пораз.

Овој гол за Несторовски доаѓа по двата во претходното коло.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...