Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација Илија Несторовски ја истакна одличната атмосфера во нашиот национален тим во пресрет на утрешниот меч против Албанија, што ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица. Вели дека со голманот на Албанците, Етрит Бериша, многу добро се познаваат од Италија.
„Прашајте го Бериша, мислам дека многу добро ме познава. Пред неколку месеци му дадов гол на мечот меѓу Палермо и Аталанта. По победата над Израел атмосферата е на високо ниво и се надевам дека ќе повториме уште подобро издание на утрешниот меч. Заедно со капитенот Горан Пандев сме среќни што средниот ред игра на потребното ниво и се надевам дека и утре ќе добиваме употребливи топки за да го загрозиме противничкиот гол“, изјави Илија Несторовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА