Несторовски првпат стартер, Удинезе елиминиран од Копа Италија

Илија Несторовски и неговиот Удинезе доживеаја елиминација во Копа Италија откако вечерва на домашен терен во еден крајно возбудлив натпревар загубија од Монца со 2-3.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Валоти во 45. минута. Во второто полувреме домашниот тим со двата гола на Перез во 49. и 68. минута стигна до целосен пресврт (2-1). Сепак, гостите одиграа феноменално во последните дваесет минути и со погодоците на Молина и Петања на крајот успеаја да се пласираат во следната рунда во најмасовното италијанско фудбалско натпреварување.

Илија Несторовски доби шанса од првата минута, а беше заменет во 65.

 

Се вчитува...