Несторовски: Сакам да им помогнам на младите да се продадат, јас сум веќе стар за продажба

Поранешниот македонски репрезентативец и член на Славен Белупо, Илија Несторовски на прес-конференција пред натпреварот со Хајдук, рече дека сега во овој момент асистенциите му се поважни од головите.

Тој откри дека во 2016 година, кога беше прв стрелец на Интер Запрешиќ, никој не го барал од Хрватска, а потоа замина во Италија.

„Уживам да играм тука. Не ми е важно да давам голови, туку повеќе да им асистирам на овие помладите, да ги продадеме. Затоа што јас сум веќе стар за продажба“, рече Несторовски и додаде:

„Кога станав најдобар стрелец во Интер Запрешиќ во 2016 година, никој од Хрватска не ме сакаше. Можеби и подобро, затоа што направив одлична кариера. Играв во Серија „А“, а потоа се вратив во Хрватска“, рече Несторовски.

 

Се вчитува...