Илија Несторовски, напаѓачот на Удинезе и фудбалер на репрезентацијата на Македонија, се приклучи на нашата селекција со цел да даде поддршка на своите соиграчи во рамки на историскиот пласман на фудбалското Европско првенство.
Иако е повреден и нема да може да помогне на неговите колеги, Илија ќе патува со македонската репрезентација и ќе ги бодри „црвено-жолтите“ во Букурешт и Амстердам.
Македонија се наоѓа во група со Холандија, Украина и Австрија, а Несторовски верува дека нашата селекција има одличен состав кој може да направи чудо на ова првенство. Инаку, тимот на Игор Ангеловски првиот натпревар ќе го одигра против Австрија на 13 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА