Несторовски со 50-ти настап за Македонија

Илија Несторовски, македонскиот репрезентативец ќе го памети мечот со Фарски Острови, кој е негов јубилеен 50-ти во дресот на националниот тим.

Несторовски во 2015 година дебитираше за репрезентацијата на мечот со Украина на домашен терен. Во дресот со државниот грб има постигнато 10 голови.

Пред неколку дена против Малта, Висар Муслиу го одигра 50-тиот меч за Македонија, а во ова „друштво“ од оваа селекција влезени се уште и Димитриевски, Стефан Ристовски, Кире Ристевски, Алиоски, Барди и Трајковски.

Се вчитува...