Несторовски со изненадувачки трансфер на самиот крај на преодниот рок

Пред самиот крај на летниот преоден рок поранешниот македонски репрезентативец Илија Несторовски може да реализира неочекуван трансфер, пренесуваат хрватските медиуми.

Искусниот 35-годишен голгетер заминува од Славен Белупо и кариерата ќе ја продолжи во Сараево каде ќе настапува заедно со поранешниот соиграч од репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски, како и Агон Елези.

 

Се вчитува...