Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Илија Несторовски и неговиот Славен Белупо одиграа реми 2-2 на гостувањето кај актуелниот хрватски шампион Риека во меч од 19. коло од ХНЛ.
Токму нашиот напаѓач беше стрелец за водство од 0-1 на својот тим уште во 2. минута. Домаќините до крајот на првиот дел останаа и со фудбалер помалку откако директен црвен картон доби Мајсторовиќ токму за старт врз нашиот Несторгол
И со фудбалер помалку Риека израмни на 1-1 во 66. минута преку Ндокит. Несторовски беше заменет во 74. минута, а гостите до ново водство (1-2) стигнаа преку Јагушиќ во 82. минута. Конечните 2-2 беа дело на Дантас во 85. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

