Несторовски стрелец во победата на Асколи (ВИДЕО)

Илија Несторовски го постигна својот втор гол во дресот на Асколи, откако денеска погоди во дуелот со Лечо, во кој неговиот тим славеше триумф со 0-2.

Несторовски го поситгна првиот гол за својот тим на оваа средба, откако во 35. минута искористи голема грешка на одбраната на гостинскиот тим. Македонскиот напаѓач го одигра целиот натпревар.

Ова беше третата победа за Асколи во првенството, и засега далеку од местата кои носат пласман во „елитата“ на Италија.

Се вчитува...