Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски стрелец за Удинезе на гостувањето против Салернитана во 37. коло од Серија А.
Несторовски во финишот од сезоната доби конечно вистинска шанса во тимот на Удинезе, и квалитетните изданија ги заокружува и со гол во претпоследното коло од италијанското првенство.
Македонскиот напаѓач погоди од непосредна близина во 30. минута, на асистенција на Переира, за водство од 0-2 во овие моменти на Удинезе. За Несторовски ова е втор гол сезонава за тимот од Удине.
Враќањето на Несторовски во вистинска форма е повеќе од значајно и за селекторот Боби Милевски и македонската репрезентација, посебно ако се знае дека повторно националниот тим ќе има проблеми со креација на нападот по повредата на Бојан Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА