Несторовски: Тешко е да се пробиеш како Македонец во европскиот фудбал…

Илија Несторовски игра во топ-форма во дресот на Интер Запрешич, бележејќи настапи со кои искусниот голгетер потсетува на своите најдобри денови во кариерата.

Македонскиот напаѓач во интервју за „Моцарт Спорт“ говореше за својата кариера, обелоденувајќи колку е тежок патот до европскиот фудбал.

„Многу, многу е тешко, особено ако доаѓате од земја како што е Македонија, која не е членка на ЕУ. Кога одите во странство, мора да сте многу подобри од останатите, да работите повеќе од сите останати. За Победа Прилеп дебитирав на 16 години, на 17 играв квалификаици за ЛШ, потоа бев и капитен, но знаете ли колку беше тешко да се исплива од мала средина на која никој не обрнува внимание. Денеска и тоа е полесно, потребно е само да имаш добра статистика, што не беше случај во тоа време“, се присетува Несторовски.

Прв странски ангажман му беше во чешкиот шампионат, во тимот на Словачко.

„Кога стигнав аму бев млад, прв пат заминав од дома. На дебито дадов гол против Славија Прага, потоа имав и асистенција, но полека, но сигурно го загубив местото во тимот. Чесите во тоа време не сакаа странци, а јас бев единствениот во Словачко. Во туѓа земја во која не го знаеш јазикот, луѓето не веруваа во мене, а соиграчите ми беа љубоморни бидејќи земав поголема плата од голем дел од нив. Можев само да молчам и да работам“, изјави Несторовски.

Воедно, Македонецот обелодени и дека по распадот на Палермо имал понуда да се пресели во Црвена Звезда, но истата ја одбил поради семејството.

„Цел ми беше да останам во Серија А, поради семејството, децата, животот ни беше навистина убав и затоа решивме да играм во Серија А и се уште да не се враќам на овие простори. Навистина, имаше преговори со Црвена Звезда, но до трансфер не дојде токму поради таа причина“, откри 35-годишниот Несторовски.

Целото интервју на Илија Несторовски за „Моцарт Спорт“ можете да го прочитате на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...