Македонија одигра реми без голови против Турција на пријателскиот меч во Скопје. Имавме доминација, создадовме шанси, но не успеавме да реализираме.
Напаѓачот Илија Несторовски вели дека можеме да жалиме за победата на вечерашниот меч, но тој е разочаран од еден друг, многу важен сегмент. Игравме дома, а Турција имаше повеќе навивачи на арената.
„Жално е ова. Играме дома, на последните неколку натпревари играме добро, даваме се од себе за позитивен резултат, а Турците имаа повеќе навивачи од нас во Скопје. Навистина не можам да разберам. А сигурен сум дека сите ќе дојдат да ја гледаат Шпанија. И против овој гигант ќе играме одлучно за да оствариме позитивен резултат”, изјави Илија Несторовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА