Арон Рамзи кој важеше за голема надеж на Арсенал, но никогаш не ги исполни очекувањата за новата сезона се враќа во англискиот фудбал каде ќе настапува за својот клуб од детството Кардиф, пренесуваат медиумите на „Островот“.
Рамзи помина 11 години во Арсенал во кои настапи на 369 натпревари запишувајќи 64 гола зад своето име, а замина од Англија во 2019 година кога како слободен играч во Јунветус. Велшанецот не успеа да се наметне ни таму, а по кратката позајмица во Ренџерс во 2022 година ја засили Ница.
Триесетидвегодишникот во новата сезона ќе настапува во Чемпионшипот и ќе се обиде да го врати велшкиот клуб во Премиерлигата по што се очекува и да стави крај на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

