Спортисти веќе го наполнија Олимпиското село пред почетокот на ОИ во Париз, а во текот на вчерашниот ден падна и првата просидба, а во главна улога беше аргентинскиот ракометар Пабло Симонет.
Тој реши пред дваесетина членови на аргентинската експедиција(повеќето од нив членови на ракометната репрезентација) да клекне на колено и да ја побара за сопруга својата долгогодишна девојка Марија Пилар Кампој, која е репрезентативка на Аргентина во хокеј на трева.
Аргентинските медиуми јавуваат дека Пабло и Марија се во врска девет години, што сега ќе биде крунисана со брак…
Пабло Симонет е несуден ракометар на Вардар, откако Аргентинецот беше сериозно поврзуван со трансфер меѓу „црвено-црните“ во првата година по враќањето на Михајло Михајловски на чело на македонскиот ракометен гигант. Тој трансфер сепак не се реализираше, па Аргентинецот сега настапува за тимот на Куенка во АЦБ-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА