Нејц Цехте требаше да биде едно од најголемите засилувања на Вардар за новата сезона, но трансферот пропадна откако ЕХФ реши да не му дозволи на македонскиот првак да се натпреварува во Лигата на Шампионите.
Словенецот сепак си најде нов клуб во ЛШ, откако денеска потпиша договор на една плус една сезона со данскиот првак ГОГ Гудме.
„Многу сум среќен што постигнавме договор со ГОГ Гудме, сите многу добро знаат за каков фантастичен клуб станува збор. Со нетрпение очекувам повторно да заиграм во Лигата на Шампионите. Најтежок дел ќе ми биде адаптацијата со јазикот, но верувам дека и тоа ќе биде надминато“, изјави Цехте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

