Несуденото засилување на Партизан се врати во НБА

Килијан Хејс, поранешниот седми пик на драфтот во 2020 година повторно ќе биде дел од НБА. Тој потпиша 10 дневен договор со Сакраменто, а очекувањата се дека ќе добие шанса барем до крајот на сезоната.

Американецот минатото лето се поврзуваше со трансфер во белградски Партизан. Но, одлучи да остане во САД и да се бори за место во НБА преку развојната лига.

Од почетокот на сезоната настапуваше за филијаланата на Кливленд каде во просек бележеше 22.4 поени, 4.1 скок и 8.4 асистенции по натпревар.

Тој во Сакраменто ќе биде дел од ротацијата која треба да ги покрие минутите на Зек Лавин. Како потсетување, тој заработи тешка повреда и за него сезоната е завршена.

Се вчитува...