Несудениот Македонец место за Партизан, потпиша за Будуќност

Одличниот американски плејмејкер Јоги Ферел во последните две седмици беше поврзуван со трансфер во Партизан, експлозивниот бек не успеа да постигне договор со АБА-шампионот, но сепак ќе биде дел од регионалното натпреварување откако денеска потпиша за екипата на Будуќност.

ЦРногорскиот првак бараше нов поентер како засилување по слабиот старт на сезоната, а изборот падна токму врз Ферел поради неговите одлични игри за Цедевита Олимпија, кога во сезоната 2021/22 во просек постигнуваше по 12,6 поени и 5 асистенции по натпревар, а една сезона подоцна имаше 16,2 поени, 5,9 асистенции и 3,5 скокови по натпревар.

Ферел во кариерата има настапувано и во НБА-лигата, каде ги бранеше боите на Бруклин, Далас, Сакраменто, Кливленд и на ЛА Клиперс.

Овој кошаркар пред неколку години беше во комбинација за добивање на македонски пасош, беа водени преговори со Ферел и неговиот агент, но на крајот не беше постигнат целосен договор, а КФСМ за натурализиран играч го доведе Ти-Џеј Шортс, кој се покажа како полн погодок за нашиот национален тим.

Се вчитува...