Манчестер Јунајтед доживеа голем срам во Европа оваа сезона. Славниот англиски клуб не успеа да ја помине групната фаза во Лигата на Шампионите во која за противници ги имаше Баерн Минхен, Копенхаген и Галатасарај, притоа завршувајќи на последното место на табелата со што заврши европскиот излет за оваа сезона.
А, тоа претставува и дополнителeн проблем за тимот предводен од Ерик тен Хаг. Манчестер Јунајтед остана без 28 милиони евра поради неуспехот во најсилното фудбалско натпреварување што значи дека остана без значајна сума со која требаше да се покрие финансискиот фер-плеј.
Со цел балансирање на финансиите Манчестер Јунајтед сега е приморен да продава во јануарскиот преоден рок и нема да биде во можност дополнително да се засили. Први на листата на заминувања се Џејдон Санчо и Дони ван де Бек, а не се исклучува можноста и за заминување на Рафаел Варан и Касемиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА