Раководството на Динамо Загреб експресно си ја призна грешката со ангажманот на Игор Јовичевиќ за нов тренер, врачувајќи му отказ на младиот стратег само два месеци по неговото доаѓање на чело на „модрите“. Хрватскиот првак под водство на овој стручњак забележа само три победи на седум натпревари, прикажувајќи очајна игра на голем дел од овие средби.
Динамо е без постигнат гол на последните две средби, по ремито во Загреб против Осијек во минатото коло загуби од Ријека со 2-0, по што управата реши да му врачи отказ на стратегот што се покажа како тотално промашување по заминувањето на Ненад Бјелица.
„Имав најдобри намери, но фудбалот знае да биде таков. Си заминувам од својот клуб со крената глава, бидејќи не сакам да бидам оптоварување во овие времиња. Му се заблагодарувам на клубот на прекрасните години минати во младинските категории, како и за дадената шанса во првиот тим“, изјави Јовичевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА