Неуспешен обид да се пробијат Ерменците, првото полувреме како пример за во иднина (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација, на дебито на новиот селектор Благоја Милевски, имаше неуспешен обид да се пробие дефанзивната ориентација на Ерменија која во Скопје дојде да се одбрани, и успеа во тоа.

Во натпревар во кој Македонија имаше посед на топка од 66%, наспроти само 34% на противникот, и повеќе од играта сепак недостасуваше завршната креација и реализација за да се дојде до посакуваната победа.

„Првото полувреме и начинот на кој тоа се одигра треба да ни биде пример за во иднина“ – истакна Милевски на прес-конференцијата по средбата.

Веќе во недела (5. септември) Македонија ја чека гостувањето против Исланд во Рејкјавик.

 

 

Се вчитува...