Невакцинираните фудбалери мора да одат во карантин по нивното враќање во Англија

Фудбалерите од Премиер лигата кои не се вакцинирани против коронавирусот ќе бидат принудени да прескокнат некои натпревари по враќањето во Англија по престојот во странство. Ова е нова законска промена изгласана од здравствената комисија на Англија.

Според сегашните правила, невакцинираните врвни спортисти беа ослободени од 10-дневен карантин по враќањето во Велика Британија, за да можат веднаш да тренираат и да се натпреваруваат. Сепак, тоа наскоро ќе престане да постои на барање на министерот Надин Дорес, шеф на Одделот за култура, одговорен за спортот, кој повеќе не сака да прави отстапки.

„Ако сакате да добиете специјален третман, мора да го почитувате ставот на установата за јавно здравје и безбедност. Бидејќи вакцинацијата не е лична работа, се однесува на заштита на сите околу нас, имунизацијата е колективна свест”, стои во соопштението на министерството.

Се вчитува...