Новак Ѓоковиќ, сосема очекувано со триумфот на Ролан Гарос повторно го презеде врвот на АТЛ ранг листата.
Ѓоковиќ од денеска повторно е на првото место, сега со 7595 бода, пред Карло Алкараз кој е со 7175 бода, а понатаму следат Данил Медведев со 6100 бода и Каспер Руд со 4960 бода.
Но, тоа што дефинитивно се издвојува од денешната АТП листа е наверојатниот пад на Рафаел Надал.
Надал неодамна првпат после долго време испадна од најдобрите десет. Кога стартуваше Ролан Гарос беше 15-ти играч на светот, за да денеска разликата во позициите е огромна.
Шпанецот од денеска е на 136. место, со пад од 121 позиција. Тој минатата сезона беше победник на Ролан Гарос тогаш освојувајќи 2000 бода. Оваа година не учествуваше во Париз па ги загуби сите тие поени, што му донесе драстичен пад на АТП листата.
Надал има само 445 АТП бода. Последен пат кога шпанскиот тенисер беше надвор од најдобрите 100 тенисери, беше точно пред 20 години, во 2003 година кога беше 109-ти играч на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

