Неверојатен гест на големата фудбалска ѕвезда: Швајнштајгер со писмо спасил живот на судија

Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, му го спасил животот на судијата Бабак Рафати испраќајќи му писмо кога тој сакал да се убие.

Поранешниот фудбалски судија Рафати за швајцарскиот „Блик“ ја раскажа необичната приказна како Швајнштајгер го охрабрил додека бил во депресија и го спречил неговиот обид за самоубиство.

Германскиот судија од иранско потекло  на 19 ноември 2011 година требало да го суди натпреварот меѓу Келн и Мајнц, но тој натпревар никогаш не е одигран. Во моментите додека фудбалерите се подготвувале за почетокот на мечот, Рафати во својата хотелска соба се обидел да се самоубие и спасен е во последен момент.

sudija

„Се разбудив во болничкиот кревет. Тоа беше ужасен момент и првата мисла ми беше како не успеав и дека морам да се обидам повторно, но овој пат да ја завршам работата како што треба. Бев малтретиран пред тоа година и пол. Да бидам искрен, некои луѓе сакаа да се решат од мене и поради тоа страдав од депресија…По обидот за самоубиство не ми се јави никој од Германската фудбалска федерација, но моите колеги судии ми пружија поддршка“ – раскажа Рафати.

Судијата потоа открива дека во тие критични моменти во неговиот живот посебна улога имало писмото што го добил од Швајнштајгер кој тогаш беше капитен на Баерн, а со кого дотогаш приватно не се познавал. Токму тоа писмо и големиот гест на фудбалерот го одвратило Рафати од намерата повторно да посегне по својот живот.

svajni babak

„Бастијан Швајнштајгер ми напиша писмо кое ме погоди директно во срцето. Немаше никаков личен интерес во тој негов потег бидејќи тој знаеше дека јас не можам да му се вратам на судењето после тој инцидент. Тој ми напиша: „Господине Рафати, луѓето често прават грешки во животот, но во такви тешки моменти ние едноставно мора да бидеме силни, мора да направиме пресврт во себе и да се вратиме. Ви посакувам се најдобро“. Тоа беше голем човечки гест од неговат страна“ – раскажува 46-годишниот судија.

Големиот човечки гест на фудбалерот кој до тој момент бил потполно странец во неговиот приватен живот, целосно му го сменило животот на несреќниот судија. После тоа писмо Бабак Рафати почнува нов живот.

„После тоа никогаш повеќе не помислив на самоубиство. Знам дека сето тоа беше една голема лудост. Депресијата се уште е голема табу тема во фудбалот, но сега јас се обидувам да помогнам. Сега работам како ментален тренер со тројца бундеслигашки фудбалери. Животот е премногу драгоцен за да се уништи на таков начин“ – додава Рафати.

Се вчитува...