Неверојатен гол на Бруно Фернандеш: Погоди против Ливерпул од 40 метри! (ВИДЕО)

Можеби незаслужено, но Манчестер Јунајтед успеа да израмни во дербито против Ливерпул. Гостите имаа многу шанси да дојдат до 0-2, но беа брутално казнети од страна на Бруно Фернадеш кој постигна прекрасен гол.

Огромна грешка на Куанса, кој му ја подари топката на Бруно, кој од 40 метри од прва успеа да го совлада излезениот Келехер и да дојде до израмнување во 50. минута.

Неверојатен е податокот дека тоа беше првиот шут на Јунајтед, додека Ливерпул до тој момент имаше дури 17 удари.

Се вчитува...