Ливерпул стигна до голема победа од 1-0 против Евертон во градската дерби пресметка од 14. коло во Премиер лигата и тоа на крајно неверојатен начин со гол кој ретко се гледа на фудбалските терени.
Во динамичен натпревар со можности и на двете страни, силно темпо но без соодветна реализација на крајот двата тима се чини беа и задоволни со поделбата на бодовите.
Но, Ливерпул во финишот беше поенергичен и во 95. минута од средбата дојде до толку посакуваниот триумф… Што е право, на ретко виден начин. По една тотално безопасна акција, голманот на Евертон Пикфорд лошо реагираше на гол линијата, топката од гредата се одби во поле а Дивоки Ориги само ја смести во мрежата….
Со оваа победа Ливерпул е сега со 36 бода, повторно на само два од водечкиот Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА