Неверојатен хет-трик на Диало: Три гола во последните минути за феноменална пресврт-победа на Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед извлече неверојатна пресврт-победа против Саутемптон од 3-1 во 21. коло од Премиерлигата, со два гола на Диало во последните десет минути од мечот на „Олд Трафорд“.

Саутемптон дојде до предност од 0-1 со автоголот на Угарте во 43. минута од средбата.

И, кога се чинеше дека гостите ќе заминат со позитивен резултат, на сцена стапи Диало со неверојатен хет-трик во последните десет минути од натпреварот.

Најпрво погоди во 82. минута за израмнување на 1-1, а потоа во 90. минута погоди и за 2-1. На крај во четвртата минута од судиското продолжение уште еднаш стрелаше и за конечни 3-1.

Се вчитува...