Арсенал се најде во негатива од еден гол на самиот почеток од гостувањето против Борнмут, и тоа по катастрофалната грешка што ја направи Габриел.
Бразилецот важи за најдобар дефанзивец во Премиер-лигата сезонава, но вечерва прописно се посрамоти, при една акција на сопствената половина му ја подари топката во нозе на Еванилсон, кој немаше тешка задача да ја смести во мрежата крај истрчаниот Раја.
Неверојатниот „кикс на Габриел и водечкиот гол на Борнмут можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

