Белгиски Бриж направи огромен чекор напред кон главната фаза од ЛШ откако победи со 1-3 против Глазгов Ренџерс во првиот плејоф натпревар. Стрелци за гостите беа Ромео Вермант во 3., Јорне Шпилеерс во 7. и Брендон Мехеле во 20. минута, додека единствениот гол за домаќините го постигна Данило во 50. минута.
Првиот гол на Бриж беше постигнат по неверојатната грешка на Насер Џига. Стоперот на Ренџерс ја имаше топката блиску центарот, но необјасниво му ја предаде на ривалот Вермонт. Тој го прифати подарокот и брилијантно го совлада голманот Џек Батланд лобувајќи го од околу 25 метри.
Но, голот немаше да се случи ако Џига не направи несфатлива грешка. Младиот стопер од Буркина Фасо се прослави минатата сезона во Црвена Звезда. Српскиот шампион го купи минатото лето од Базел за 4,3 милиони евра. Џига играше добро во Лигата на шампионите, па беше продаден на Вулверхемптон за 12 милиони евра во зимскиот преоден рок. Од ова лето, тој е позајмен во Ренџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

