Неверојатен меч на „Бај арена“: Дортмунд во последните 10 минути прокоцка победа

Борусија Дортмунд прокоцка победа во последните десет минути на гостувањето против Баер Леверкузен во 21. коло од Бундеслигата.

„Милионерите“ во извонреден меч со седум гола имаа предност од 2-3 на десет минути пред крајот на дуелот на „Бај арена“, но потоа следеше пресвртот. Гуереро во 65. минута донесе 2-3 за Борусија Дортмунд, но потоа со головите на Бејли во 81. минута и Бендер во 82. минута, Баер Леверкузен дојде до конечната победа од 4-3.

Се вчитува...