Неверојатен меч во Лондон одиграа Челси и Манчестер јунајтед во 31. коло од Премиерлигата. На крај дуел со серија пресврти и триумф на Челси од 4-3 со два гола во судиското продолжение. „Црвените ѓаволи“ имаа водство од 2-3 се до 100. минута од натпреварот, но иако мечот беше продолжен осум минути, Челси доби пенал во 99. минута кој потоа успешно го реализираше Палмер за 3-3, а веќе во следната 101. минута Палмер повторно погоди за триумф на „сините“ од 4-3.
Челси како од соништата го почна мечот со два гола во првите 20 минути од натпреварот. Најпрво Галагер уште во 4. минута донесе 1-0, а потоа и Палмер стрелаше во 19. минута за 2-0 на „сините“.
Но, потоа следеше вистински потоп за тимот од „Стемфорд Бриџ“. Најпрво Гарначо во 34. минута намали на 2-1, а потоа во 39. минута и Бруно Фернандеш погоди за 2-2.
Во второто полувреме, Гарначо со својот втор гол во 67. минута донесе предност од 2-3 за Манчестер јунајтед.
И кога се чинеше дека Јунајтед ќе ја однесе победата, нов пресврт. И тоа во судиското продолжение кое требаше да трае осум минути, а доби цели +12 минути. Па, во 99. минута Челси доби пенал кој во 100. минута умешно го реализираше Палмер. Истиот играч во 101. минута ја донесе победата за Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА