Неверојатен меч во Лос Анѓелес: Вајлдер двапати го „патосираше“ Фјури, но на крај без победник (ФОТО + ВИДЕО)

Деонтај Вајлдер ја одбрани ВБЦ шампионската титула во тешка категорија откако мечот со Тајсон Фјури во Лос Анѓелес заврши без победник.

Неверојатен меч гледаше светот во кој беа реализирани 12 жестоки рунди. Фјури беше тој кој на почетокот го контролираше темпото, го погоди неколку пати Вајлдер и ја доби првата рунда. Но, Вајлдер трпеливо ја чекаше секоја своја шанса за да може да одговори соодветно. Иако, Фјури апсолутно доминираше со тактичка подготвеност, добивајќи ја речиси секоја рунда па на половина од борбата без дилема имаше голема предност на судиските картички. Додека Американецот и натаму беше неочекувано трпелив.

Откако Вајлдер согледа дека само нокаут може да го остави во трка за одбрана на појасот, почна далеку поагресивно и во деветтата рунда го испрати на под Фјури. Но, Британецот брзо се исправи и го продолжи мечот. Продолжи со провокации кон Вајлдер кој во оваа рунда, сепак покажа зошто е крал на нокаутот.

Вајлдер и во 12-та рунда успеа да ги седне на под Фјури, но Британецот повторно продолжи со мечот.

Судиите на крајот одлучија дека мечот е нерешен. Еден даде предност за Вајлдер од 115-111, другиот гласаше во корист на Фјури од 114-110, а третиот борбата ја оцени со 113-113, па мечот заврши без победник.

 

Се вчитува...