Неверојатен натпревар се одигра вечерва во Менхенгладбах, во кој гледачии видоа дури 10 голови, од кои шест завршија во домашната мрежа.
Неверојатен е податокот дека Ајнтрахт Франкфурт како гостин на овој меч на крајот дојде до триумф од 6-4, а шесте гола ги постигна за само 47 минути игра.
Кох, Кнауф, Буркард, Чаиби, Узун и повторно Кох доенсоа предност од 0-6 на стартот на вториот дел. Меѓутоа Борусија Менхенгладбах, последнопласираниот тим на табелата успеа да постигне четири гола за 18 минути игра. Во 72. минута Кастроп за 1-6, потоа Табаковиќ, Енгелхард и Ранос стрелаа и го намалија резултатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

