Фудбалерите на Борусија Дортмунд ја запишаа и третата победа во Бундеслигата триумфирајќи со 4-2 против Бохум во 5. коло од шампионатот.
„Милионерите“ до победата дојдоа со неверојатен пресврт во второто полувреме и покрај тоа што по првиот дел имаа негатива и од 0-2.
Беро и Де Вит во првите 20 минути од средбата беа стрелци за гостите, за кои повторно во комбинација не беше македонскиот репрезентативец Агон Елези. Гираси во 44. минута успеа да погоди за 1-2 по првите 45 минути.
3-2 Borussia Dortmund.
SERHOU GUIRASSY HAS SCORED A BRACE AND GIVES BORUSSIA DORTMUND THE LEAD !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/7ddCJ9CQlH
— Football Report (@FootballReprt) September 27, 2024
Во второто полувреме, во 62.минута Емре Чан од пенал израмни на 2-2, а Гираси со својот втор гол во 75.минута донесе 3-2 за Борусија. На крај, Нмеча во 81. минута ги постави конечните 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА