Неверојатен пресврт на Голден стејт, феноменалниот Лилард го уништи Њу Орлеанс

Кошаркарите на Голден стејт дефинитивно се за издвојување од изминатава НБА вечер.

На домашен терен Голден стејт дојде до неверојатен пресврт во меч во кој противничките кошаркари на Мајами имаа предност во текот на целиот дуел. На шест минути до крајот на натпреварот Мајами дури имаше и 16 поени предност, но потоа се разиграа Кари, Вигинс и Оубре. До крајот не само што ја стигнаа предноста на Мајами, туку и славеа убедливо со 120-112.

Денвер, пак, по првата четвртина имаа предност против Вашингтон од 17 поени, но ниту тоа на Јокиќ и компанија не им беше доволно за победа. Успеаја да загубат од една од најслабите НБА-екипи моментално со 128-130. Кај Вашингтон одличен беше Летонецот Бертанс со 35 поени, додека Бил дополни 25 поени. Јокиќ беше стандардно добар со 33 поени.

Одличен натпревар е виден и во Њу Орлеанс каде Портланд слаеше со 124-126. Фантастична партија одигра Демијан Лилард со 43 поени и 16 асистенции, а добро му помагаше и Трент со 23 поени. Кај Пеликанс одличен беше Вилијамсон со 36 поени.

Јута ја продолжи својата победничка низа во Лос Анѓелес каде лесно со 114-96 се справи со ЛА Клиперс кој беше без своите две најголеми ѕвезди Пол Џорџ и Каваи Леонард. Во останатите натпревари Мемфис ја победи Оклахома со 122-113, Минесота загуби од Индијана со 128-134, Чикаго беше подобар од Детроит со 105-102 а Филаделфија славеше против Хјустон со 118-113.

Се вчитува...