Неверојатен пресврт на Манчестер Јунајтед за победа над градскиот ривал Сити (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед е победник од дербито против Манчестер Сити, и му се приближи на својот ривал во битката за титулата, а го оддалечи тимот на Пеп Гвардиола од титулата во Премиерлигата.

Јунајтед направи неверојатен пресврт за само четири минути, и од 0-1, успеа да го сврти натпреварот и да го добие на крајот во своја корист.

Првото полувреме доста тактички и дисциплинирано, а двата тима имаа по една шанса, иако Манчестер Јунајтед имаше подобри шанси и неколку опасни ситуации.

Сити во вториот дел заигра далеку порешително, и тоа даде резултат. Грилиш со глава во 60. минута го совлада Де Геа за предност.

Бруно Фернандеш во 78. минута донесе израмнување, а потоа Рашфорд ја искористи грешката на одбраната на „сините“ и успеа да казни, за водство од 2-1.

До крајот притисок на Сити, но без промена на резултатот за голем триумф на Јунајтед кој се доближи само на бод до својот градски ривал.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...