Екипата на Ленс беше пред нов триумф во француската Лига 1, откако имаше предност од 2-0 над Монако. Меѓутоа гостите со три гола за десет минути стигнаа до голем пресврт и до победа на крајот, со што Ленс прави огромен чекор назад во битката за титулата.
Едуард во 3. минута од средбата донесе предност за Ленс, а Товин во 56. минута зголеми и на 2-0. Се чинеше дека Ленс ќе стигне до победа.
Но, Балогун најпрво во 62. минута намали, а Закарија во 70. минута израмни. Само две минути подоцна Фати постигна и трет гол, за голем триумф на Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

