Навивачите, стручниот штаб и кошаркарите на Партизан се шокирани во Истанбул, откако „прокоцкаа“ водство од 17 разлика во вториот период, и на крајот беа поразени од Фенербахче со 91-76.
Неверојатен почеток имаа белградските „црно-бели“, кои првиот период го завршија со предност од 17-31, а потоа во вториот период стигнаа и до предност од 19-36. Меѓутоа разликата брзо се стопи, на Партизан на полувреме замина само со предност од 5 разлика.
И таа предност се распука како меур од сапуница во третиот период, кој Фенер го доби, и во последниот период да замине со предност од +4 (68-64). Брзо Фенербахче дојде до 14-0, со серија на тројки, и тука да ја направи потребната разлика. За српскиот тим немаше повеќе надеж, откако Фенер стигна до предност од +19 во еден миг (85-66).
Залудни беа и тајм-аутите на Жељко Обрадовиќ, продолжи одличната игра на Фенер кој рутински го однесе мечот до крај.
Дорси кај Фенербахче беше незадржлив со 24 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА