Неверојатен пропуст – Реал Мадрид во полуфиналето без капитенот?

Реал Мадрид го слави среќниот пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, но многу брзо стигна и лошата вест. „Кралскиот“ клуб во полуфиналетo ќе мора да игра без капитенот поради неверојатниот пропуст што го направија Шпанците на синоќешниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“.

Имено, Серхио Рамосбеше суспендиран против Јувентус, но го следеше реваншот од тунелот, дури влезе и во дискусија за спорниот пенал и многу веројатно ќе добие дополнителна суспензија.

Камерите го фатија Рамос во кадар пред крај на натпреварот кога со клупата на Јувентус се расправа за пеналот, а потоа и како го слави погодокот на Роналдо.

Според правилникот на УЕФА, ако судиите го забележале во недозволениот простор (во кој спаѓа и тунелот покрај теренот), тогаш следува нова суспензија со која капитенот на Реал би го пропуштил првиот полуфинален меч.

Она што е неверојатно зачудувачко, како што наведуваат шпанските медиуми, е фактот дека никој од Реал Мадрид не го предупредил Рамос дека таму не смее да стои, што е голема грешка.

Се вчитува...