Англија и Словенија ремизираа во последното коло во групата Ц, како и Србија и Данска. Со таквите резултати, Англија заврши како првопласирана, со пет бода, додека Србија со два испадна. Данска и Словенија имаа ист број на бодови, и со идентична гол разлика, и со нерешено во меѓусебниот дуел.
Прв критериум се жолтите картони, односно во предност е екипата која добила помалку жолти картони. Но, ниту тој критериум не можеше да направи разлика, затоа што и двете селекции има по шест жолти и нула црвени картони. На крајот мораше да се земе критериумот во квалификациите.
Уште поневеројатно е тоа што двете репрезентации играа во иста група, освоија ист број на бодови (по 22), но на крајот Данците беа подобри во меѓусебниот скор. Така во Словенија беше 1-1, а на реваншот Данска како домаќин славеше 2-1, и така тој гол пред седум месеци му донесе предност на данскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА