Неверојатен рекорд: Французите продадоа 12 милиони карти за ЛОИ и параолимписките игри во Париз

Вкупно 12 милиони билети се продадени во Париз за време на Летните олимписки и параолимписки игри, објави францускиот весник „Фигаро“ пред церемонијата на затворање на Параолимписките игри.

За Олимписките игри одржани од 26. јули до 11. август се продадени 9,5 милиони билети, а за Параолимписките игри од 28. август до 8. септември 2,5 милиони, додава парискиот весник.

Според бројот на продадени влезници, овогодинешните Игри во Париз беа поуспешни од Игрите во Лондон во 2012 година кога беа продадени 10,9 милиони влезници.

Се вчитува...