Ракометната репрезентација на Македонија со реми против Швајцарија 29-29 го заврши настапот на традиционалниот „Жолт куп“ во Винтертур.
Нашите ракометари и овој натпревар го отворија со многу проблеми. Швајцарија набрзина дојде до убедливо водство од 6-2, а разликата од четири гола (8-4) ја задржа и околу средината на првото полувреме.
По неколку пропуштени зицери и технички грешки на избраниците на Лазаров, Швајцарија се одлепи на плус шест (16-10) во 28. минута. Сепак, во завршницата на полувремето одигравме поконкретно. Филип Пешевски ја прекина серијата на домаќинот, а на одмор се замина со негатива од пет гола (18-13).
Заигравме подобро во вториот дел, a Maкедонија па во финишот успеавме да дојдеме и до целосен пресврт 26-27. Следуваа два гола во низа на Швајцарија за 28-27, па по еден гол на двете страни (29-28). Во последниот напад Марко Митев зема се во свои раце и успеа да донесе реми за нашиот состав 29-29.
Македонија заминува за Хернинг каде на 16. јануари ќе го отвориме шампионатот со дуелот против Данска. Потоа ни следуваат мечевите со Португалија и Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

