Неверојатен трипл-дабл на Јокиќ, Дурент и Ирвинг комбинираа 81 поен

Никола Јокиќ одигра нов неверојатен натпревар на НБА лигата предводејќи го Денвер до победа од 119-115 против Шарлот со трипл-дабл учинок. Српскиот интернационалец мечот го заврши со 40 поени, 27 скока и 10 асистнеции.

Дуото Дурент-Ирвинг комбинираше 81 поен, но едвај го совлада Детроит со 121-124. Крилото мечот го заврши со 43 поени и 6 скока, додека бекот додаде 38 поени и 6 скока. Кај домашниот тим повторно блесна Хрватот Бојан Богдановиќ завршувајќи го мечот со 26 поени и 4 асистенции.

Леброн Џејмс го предводеше Лејкерс до победа од 119-117 против Вашингтон со 33 поени, 9 асистнеции и 7 скока, додека Џордан Пул во победата од 110-126 на Голден Стејт на гостувањето кај Торонто забележа 43 поени и 6 асистенции.

Во останатите натпревари:

Бостон – Орландо 92-95
Индијана – Њујорк 106-109
Минесота – Чикаго 150-126

Се вчитува...