НЕВЕРОЈАТЕН УСПЕХ НА АДАМОВСКА: Стана само третата кошаркарка со трип-дабл во Македонија

Шампионот Баскет Кам продолжи со доминантните настапи во женското првенство на Македонија. Денеска тие рутински го совладаа Патриот со убедливи 74-38 и го задржаа првото место на табелата без ниту еден пораз сезонава.

Но, резултатот овој пат остана во втор план. Овој меч го одбележа плејмејкерот на Баскет Кам, Сања Адамовска, која со фантастичен настап влезе во историјата на македонската женска кошарка.

Адамовска за само 29 минути на паркетот запиша трипл-дабл – 16 поени, 14 скока и 14 асистенции, со што оствари индекс на корисност 40. За споредба, целиот тим на Патриот заедно имаше индекс 36. Ова е едвај трет трипл-дабл во историјата на македонското женско првенство откако се води официјална статистика. Пред Адамовска, последен пат тоа го направи Анџелика Митрашиновиќ на 29 април 2021 година, исто така во дресот на Баскет Кам, кога против Вардар запиша 29 поени, 13 асистенции и 11 украдени топки.

Се вчитува...