Неверојатен успех на МАГНУС-девојката, Мери Акиевска: Четири апсолутни титули светски шампион во бодибилдинг и фитнес на СП во Шпанија (ФОТО)

Мери Акиевска oд „МАГНУС“-центарот за фитнес и боречки спортови се закити со четири титули на Светското првенство во Санта Сузана, Шпанија кое се одржа од 3. до 8. ноември.

Акиевска стана светски јуниорски велнес шампион, апсолутен шампион во јуниори, светски сениорски велнес шампион и апсолутен шампион во сениорска конкуренција. Со еден збор таа освои се што воопшто можеше да се освои!!!

„Ова е 75. Светско првенство во бодибилдинг и фитнес, за мажи-жени, јуниори и сениори. Македонија на ова Светско првенство настапи со јуниорите, Мери Акиевска и Петар Богдановски, членови на МАГНУС Фитнес клубот од Скопје, предводени од Претседателот на федерацијата, кој имаше улога на официјален судија, делегат и тренер. На натпреварот учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајЌи во својата категорија до 163 цм висина кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајќи ги шампионите од другите висински категории“ – вели претседателот на Боди-билдинг и Фитнес федерацијата на Македонија, Бобан Ѓороски.

Вториот македонски преставник Петар Богдановски кој настапи во категоријата бодибилдинг јуниори над 75 килограми не успеа да се пласира во финалето.

Се вчитува...